На територијата на Град Скопје вчера се изречени вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.
Министерството за внатрешни работи најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за посигурни патишта.