МИМ денеска го презентираа набљудувањето на медиумското известување од Високата школа за новинарство со поддршка од холандската амбасада.
Тимот забележал дека негативниот говор насочен против друга етничка заедница најчесто се изразува преку суптилна негативна стереотипизација со која се произведува негативна слика за таа група. Покрај тоа, регистрирана е политичка пристрасност преку демонизирање на политичкиот опонент, а најјасно е видлва во телевизиските прилози.
На презентацијата на резултатите од набљудувањето на медиумското известуњаве, шефот на мисијата на ОБСЕ, Ралф Бред истакна: Треба да се погрижиме медиумите да обезбедат избалансираност за време на локалните избори.
Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми изјави дека поради слабото присуство на дебата, клучниот проблем со медиумите го лоцираат во уредниците, кои се однесуваат како да се најнискиот слој.
„Новинарството се раѓа повторно онлајн, секој од вас може да си отвори сајт и да настапи критички“, рече Сарачини.
Дебата во македонскиот медиумски простор не постои бидејќи, според Сарачини, политичките партии не сакаат да има.