Основниот Кривичен суд Скопје денес ги прогласи за виновни сите обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“ за сите поднесени кривични дела. Притоа изрече казна од 12 години затвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и четири години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Останатите обвинети беа исто така прогласени виновни за низа кривични дела.
Горан Грујовски – 15 години
Никола Бошковски – 15 години
Тони Јакимовски – 6 години
Надица Николиќ – 3 години
Владимир Варелов – 2 години условна казна
Маријан Шумуликовски – 2 години условна казна
Судењето за „Таргет-Тврдина“ започна на 22 декември 2017 година, а застапник на обвинението беше поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.