Во четврток, во Дом на АРМ во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Пресудни времиња“ од најзначајните и највлијателните македонски новинари, Сашо Ордановски.
Разговорот со проф. д-р Јаков Лазароски, успешно пренесен со пишаниот збор преку перото на Сашо Ордановски е суштината на книгата „Пресудни времиња“. Во книгата се зборува за времето кога започна мирното развластување на Сојузот на комунистите на Македонија и подготовките за воведувањето на политичкиот плурализам во земјата.
„Пресудни времиња“ е збирка од новинарски и политички аналитички преокупации во последните две-три децении на авторот Сашо Орданоски, а се однесува на фасцинацијата од зрелоста и одговорноста на македонската политичка елита и на целото македонско општество, на крајот од осумдесеттите години од минатиот век, да се донесат клучни одлуки за демократизирање на политичкиот систем, за мирното раздвојување од политички (а подоцна и воено) „зовриената“ Југославија и за почетокот на воспоставувањето на македонската независност.