Ако некој ја манипулира јавноста, тоа се власта и ВМРО-ДПМНЕ. За кривичен прогон надлежни се полицијата и јавното обвинителство, а приватни тужби се поднесуваат за граѓански предмети, возвраќаат СДСМ на рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
>>ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ ја манипулира јавноста
>>СДСМ: Обвинителството да реагира по ревизијата за СК 2014
– Тажно е за ВМРО – ДПМНЕ, а трагично за граѓаните на Република Македонија што и по 8 годишното владеење власта се уште ова не го знае или што е поверојатно се обидува да манипулира, за да ја избегне одговорноста, велат во СДСМ.
СДСМ инсистира Јавното обвинителство да отвори истрага за ревизорскиот извештај кој утврди незаконско трошење на 58 милиони евра народни пари за проектот „Скопје 2014“.