Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара договорот со Субрата да се разгледува во Собрание

0
By Нова ТВ on July 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како точка на дневен ред на седницата на собраниската комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да се разгледа склучениот договор со Субрата Рој, ќе бара опозициската СДСМ.

Според нив, склучениот договор предизвикал многубројни дилеми, по што прашуваат „кој е сопственикот на фирмата закупец, ако се има во предвид дека тоа не е Сахара Груп, туку лицето Suhbinder Singh Heer кој е жител на Лондон и државјанин на Обединетото кралство. Кое е ова лице и каква е неговата врска со Субрата Рој или Сахара Груп?“

Партијата прашува зошто фирма (ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ од Скопје) со неуплатена основна главнина плаќа закуп од 120 денари месечно за хектар, а сите останати земјоделци во Македонија во земја од таков квалитет месечно плаќаат од 600 до 1.000 денари за хектар?

„ Агро – комбинатот Џумајлија во периодот од 2008 до 2010 год. на име на субвенции на земјоделско производство има примено вкупен износ од 1.300.000 евра. Доколку Субрата Рој, односно недефинираното правно лице – закупец, во наредните 3 години произведе исто колку што произведувал агро – комбинатот Џумајлија во тие 3 години, тогаш државата на име на субвенции е должна да му исплати на закупецот околу 1.300.000 евра, односно просечно околу 430.000 евра годишно. Во исто време истиот за добиените 430.000 евра годишно треба да плати закупнина во износ од 121.000 евра. Тоа значи дека по истиот основ му се овозможува да заработува по 300.000 евра годишно на сметка на државата, а без минимално да го подобри работењето на закупените капацитети, односно во добар дел да го пополни износот на банкарската гаранција“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Шилегов рече дека и не знаат кој управува со „Џумајлија“ затоа што се води стечајна постапка за комбинатот.

– Во правната логика на нештата, капацитетите со кои располагала „Џумајлија” треба да влезат во стечајната маса, со цел истите да бидат продадени, за да се намират останатите доверители, што би се рекло земјоделците кои имаат право на парични побарувања од комбинатот и останатите доверители. Со вакво решение може да кажеме дека побарувањата на земјоделците и на останатите доверители во целост паѓаат во вода.

Оваа иницијатива за разгледување на склучениот договор, СДСМ ќе ја свика преку претседателот на комисијата Ленче Николовска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.