Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара оставки од Мицкоски, Милошоски, Јанушев и сите обвинети во „Титаник“ ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв кој го сееше режимот, изјави Костадин Ацевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
– Ова јавно признание на луѓе од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно – ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни. Се потврди дека се она што го говоревме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотреби на избирачкиот список, за секоја друга форма на изборно насилство – било точно, рече Ацевски..
Ацевски смета дека јавно признание од главните соработници на Груевски, како што вели, „патронот на Мицкоски за злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ е потсетник дека не смееме никогаш повеќе да ни се повтори оваа партија на власт“.
– Но, ова е помалиот проблем. Поголемиот проблем е што во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште има лица за кои има повеќе обвиненија.Таков е Антонио Милошоски, кој е член и на Извршниот комитет, таков е Игор Јанушев. Поголем проблем е што останатите инволвирани во овој случај се уште не ја признаваат вината а очигледно е дека се длабоко инкриминирани. Како Илија Димовски кој секојдневно настапува во име на партијата, вели Ацевски.
 Тој побара Христијан Мицкоски, кој беше советник на Груевски и негов генерален секретар треба да излезе пред граѓаните и јавно да им се извини.
– Итно мора да поднесат оставки сите кои се на било кој начин поврзани со овие веќе осудени лица кои сами признаваат вина. Оваа шминка и паничните соопштенија во кои се дистанцираат од своите сопартијци е очаен обид да се иземат од одговорност. Го повикуваме Христијан Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки и да се повлечат. Второ, по вчерашните признанија, ги повикуваме сите останати од овој случај но и другите осудени во други случаи да понесат одговорност и признаат вина како нивните колеги. Тоа е добро за демократијата, за партијата и конечно за граѓаните. Трето, итно да прекинат со притисоци врз судството кои постојано ги прават со цел се спасат од прогон или ги намалат казните. Четврто, се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира ќе остане истата партија која ја киднапираше државата, рече Ацевски.

– Беа потребни шест години за државата да стане демократска и да не биде повеќе хибриден режим, титула која ја добивме благодарение токму на ова исто ВМРО-ДПМНЕ. Сега е веќе јасно и потврдено од самите нив што правеле и што би сакале да направат со државата. Ова нема да го дозволиме
За крај, апелираме на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од бивши политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозицијата. Правдата мора конечно да надвладее, случаевите ефикасно и брзо да се процесоираат бидејќи само така ќе имаме одговорни политичари и систем кој функционира, порача Ацевски.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.