„Пратеникот Илија Димовски не е во позиција да свикува седници на Комисија, а уште помалку има право да поставува ултимативни рокови до останатите членови“, реагираат од СДСМ по повикот на Димовски кон членовите од редот на СДСМ, за продолжување на работата на Комисијата.
>> ВМРО ДПМНЕ до СДСМ: Комисијата да се активира
„Ако требаше Комисијата да работи со 4 члена од партиите и без претседател, таа ќе почнеше да работи уште на 16 март, кога и беа именувани членовите, а не на 11 јуни, кога беше постигнат договор и именуван нејзиниот претседател, Борче Давитковски“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
СДСМ уште еднаш го повика претседателот Ѓорѓе Иванов во најкраток можен рок да го реши статусот на Претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, за истражување на настаните од 24 декември.
Според Социјалдемократскиот сојуз, тие во целост ги исполниле своите обврски од Договорот од 1 март.
„Очекуваме дека ВМРО-ДПМНЕ наместо зборови и критики, конечно ќе покаже на дело дека е заинтересиран за расветлување на настаните од 24 декември“, порачаа од СДСМ.