СДСМ излезе со писмена реакција во врска со изјавата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска дека фантомските гласачи за кои обвинија СДСМ и невладините организации се всушност невистина.
– Министерката Јанкуловска не одговори на клучното прашање, дали има лица заведени на адреси кои не постојат?
Бидејќи министерката споменува години уште од минатата деценија, треба да и биде јасно дека биометриски лични карти не биле издавани ниту во 2003, 1998, 1997, 1996, 1994, ниту пак во 1978 година, туку започнаа да се издаваат од 2007 година, реагира СДСМ.