СДСМ со одовор на рекцијата на ВМРО – ДПМНЕ:
Скоро една недела го нема Груевски да и објасни на македонската јавност зошто имаше потреба од полициска бруталност дента кога беа исечени дрвјата пред хотелот Бристол.
Нема одговор ни на прашањето зошто токму на тоа место мора да се изгради зградата на СРД, а не на било која друга локација во Скопје, на пример во општините Кисела Вода или Гази Баба.
>>Шиповиќ: Дали ВМРО – ДПМНЕ го пријави во МВР инцидентот?
>>ВМРО-ДПМНЕ: Шиповиќ да се консултира со Црвенковски
Уште еднаш ги повикуваме советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, со помош на полицијата и другите органи на власта, да ги идентификуваат лицата кои им попречиле да присуствуваат на вчерашната вонредна седница на Советот пред хотелот Бристол.
Доколку во рок од 5 дена нема разврска на случајот, ќе сметаме дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ лажат, и во тој случај советничката група на Сојузот за иднината ќе поднесе тужба за клевета.