„Наместо да се концентрира на суштината на проблемот со работењето на Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември, Никола Груевски продолжува со вулгарен и навредлив однос кон опозицијата, со што уште еднаш се потврдува неговото ниско ниво на политичка култура“ реагира СДСМ.
>> Груевски: Проблемите во СДСМ се рефлектираат врз државата
Според опозицијата на Груевски мора да му стане јасно дека токму ваквиот однос кон клучните прашања за државата и начинот на комуникација со политичките противници и нанесуваат непроценлива штета на Република Македонија.