СДСМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе имаат заеднички листи за советници, објавува денеска Утрински весник.
Партиите од македонскиот политички блок ги договорија деталите за изборна соработка во Кичево и во Струга.
Опозициската СДСМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, но двете партии ќе имаат заедничка листа за советници.
Имајќи предвид дека владеачката партија уште пред две недели поднесе своја советничка листа, предложените кандидати од коалицијата „За подобра Македонија“, најверојатно, ќе се повлечат.
До вечерва на полноќ, кога истекува последниот рок, до Општинската изборна комисија треба да биде поднесена нова листа.