Изборните комисии во Кичево и Струга не смееле да ги одбијат новите кандидатски листи за советници на ВМРО ДПМНЕ, а со тоа постапиле спротивно на законите, односно на одлуките на Државната изборна комисија која претходно ги имала поништено првичните поднесени листи. Вака одлучи управниот суд пред околу еден час откако подносителот на листата поднесе тужба пред судот.
Овие препирки настанаа откако ВМРО ДПМНЕ и СДСМ одлучуја да настапат со заеднички советнички листи или таканаречените етнички листи во Струга и Кичево.
Ваквата одлука предизвика остри реакции кај албанските партии. ДУИ и ДПА обвинија за подгревање на етничките тензии. Сепак, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ решија да настапат заедно и во име на тој договор завчера од ДПМНЕ ги повлекоа претходно доставените советнички листи, а вчера се доставија новите, мешани листи со кандидатите на СДСМ.
Иако ДИК одобри, и во Струга и во Кичево општинските изборни комисии ги отфрлија новите листи.