Од 3 478 избирачки места, Аналитичкиот центар на Социјалдемократскиот сојуз досега има обработено податоци од 1 645 избирачки места, соопшти портпаролката на кампањата на СДСМ, Маринела Маричиќ Тушева.
Во бројка на гласови, тоа значи дека Ѓорге Иванов води пред кандидатот за претседател Стево Пендаровски со 45 илјади гласови. Или, 165 илјади гласови за Пендаровски наспроти 210 илјади гласови за Иванов.
Податоците од речиси половина од гласачките места не се обработени, со нови информации ќе излеземе веднаш штом ќе бидат обработени, соопшти портпаролката на кампањата на СДСМ, Маринела Маричиќ Тушева.