Граѓаните многу добро знаат само со СДСМ имаме слободни, фер и демократски избори, реагираа од партијата по прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив изборните нерегуларности се одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога ја злоупотребувала полицијата за да заплашува, малтретира и уценува граѓани, а МВР било претворено во ВМРО-МВРО.
-Тоа време заврши. Ги отфрламе сите обиди за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно се без ниту еден доказ. Граѓаните на 31 октомври масовно ќе излезат на гласање и со демократски методи ќе спречат враќање на режимот и злоупотреба на институциите во партиски цели, соопштија од СДСМ.