Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ:Мицкоски е антизападен лидер,пратениците да покажат дека се за ЕУ

0
By Соња Петрушевска on October 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Убеден сум дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ се за Европската унија и НАТО и сега е историскиот момент тоа да го покажат на дело “ кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, пред утрешната собраниска седница на која ќе продолжи дебатата за владиниот предлог за уставни измени. Пријавени за дискусија се околу 15 пратеници и доколку расправата заврши, утре ќе биде и гласањето. За да помине оваа прва фаза од уставните измени ќе биде потребно да гласаат најмалку 80 пратеници „За“.

„Ова раководство на ВМРО ДПМНЕ е исто, можеби и полошо од претходното предводено од Никола Груевски. Мицкоски ја срамоти државата и отворено се кара и расправа со најголемите и најверни наши стратешки партнери. Ова раководство отворено и јавно се однесува антизападно , но затоа пратениците од ВМРО ДПМНЕ имаат шанса да се издигнат над ставот на антизападниот партиски лидер и да се приклучат на процесот што обезбедува европска иднина“ кажа Тунтев.

„ Ги повикуваме сите пратеници, посебно пратениците од опозицијата да се приклучат на евроинтегративниот процес. Друг пат не постои – секој друг пат ја турка Македонија во изолации и кризи.

„ Доколку раководството на ВМРО ДПМНЕ продолжи по секоја цена да ја блокира иднината на државата, тогаш се неизбежни вонредни праламентарни избори кои ќе се одржат веднаш “ кажа Тунтев.

Од параламентарното мнозинство се надеваат дека утре ке се обезбеди двотретинско мнозинство за да почне постапката за отворање на Уставот.

„Целосно сме фокусирани на планот „А„ и тука правиме напори – за Брисел, Вашингтон и за Мала Речица нема план „Б“ , кажа координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби.

Груби не ги коментираше позициите на Мицкоски во писмото што му го испрати на Вес Мичел- само наведе дека партискиот претседател  не е пратеник, и напомена дека соопштението во кое пишуваше дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе гласаат „против“ е испратено од партиското седиште.

„Очекувам сите 42 пратеници на ВМРО ДПМНЕ и ако сакате сите 48 пратеници од коалицијата на опозицијата да гласаат за ЕУ и НАТО“ кажа Груби.

„ Треба да се подржи првата фаза, а потоа заедно со опозицијата, академската јавност да ги пишуваме нацрт амандманите “ рече Груби.

Од ДУИ очекуваат  сите 120 пратеници кои ветиле дека ќе ја интегрираат земјава во ЕУ и Нато и дека ќе го решат спорот со Грција – сега да го реализираат своето ветување.

За време на дебатата во Собранието, поголем број од пратениците на ВМРО ДПМНЕ се изјаснија дека немаат мандат да гласаат за уставни измени затоа што дале заклетва дека ќе го почитуваат Уставот. Дел од нив ги повикаа двајцата лидери  Заев и Мицкоски да седнат на заедничка маса и да постигнат консензус, наместо одговорноста да падне само врз пратениците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.