Пратеничката група на СДСМ нема да учествува на денешната собраниска седница на која ќе се гласа за законот предлог законот за прекин на бременоста, соопшти пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
Тој посочи дека СДСМ не сака да учествува во самоволието на ВМРО-ДПМНЕ зашто, како што посочи, оваа партија се води од теснопартиски интереси.
-За предлог-законот за прекинување на бременоста не се води сметка за уставното начело и правото на избор. И овој закон се носи за да се задоволат теснопартиски интереси. Не сакаме да легитимираме ваква постапка – рече Спасовски.