– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија целосно ги испочитува своите обврски кои произлегоа од мартовскиот договор. Го повикуваме претседателот Иванов, со оглед на тоа што ја формираше оваа комисија, да започне процес на консултации со двете најголеми политички партии, со цел да се надмине кризата на работата на комисијата. Договор за работа на комисијата без нејзиниот претседател апсолутно не постои, изјави еден од потпретседателите на СДСМ, Дамјан Манчевски.
>> Илија Димовски: Комисијата може да работи и без претседател
СДСМ го повикува претседателот Ѓорге Иванов во најкраток можен рок да ги свика лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да се надмине кризата на ад хок комисијата која треба да донесе заклучоци за настаните од 24 декември.
>> Давитковски: Можно е да се предомислам
Борче Давитковски, претседателот на комисјата, вчера изјави дека сакал да се сретне со Иванов за лично да му ја образложи оставката.
Давитковски за медиумите исткна дека доколку политичките партии се договорат околу разликите кои ги наметнаа и ја блокираа работата на комисијата, тој без двоумење ќе го потпише извештајот.