Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Обвинителството да реагира по ревизијата за СК 2014

0
By Нова ТВ on August 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помина речиси една недела откако до Јавното обвинителство беше доставен ревизорскиот Извештај за проектот „Скопје 2014“ од општина Центар, во кој што е констатирано дека незаконски се потрошени 58 милиони евра народни пари, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

СДСМ го повикува и охрабрува Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, да ги започне законските активности за кривичен прогон на лицата инволвирани во оваа афера.

„Граѓаните на Македонија со право очекуваат да биде утврдено и обзнането кои се 57 лица кои што за авионски карти и сместувања во Италија потрошиле 1,5 милиони евра.

– Ова значи дека, во просек, секој од нив, поединечно, потрошил 26 илјади евра, што е еднакво на 10 годишни просечни плати на македонскиот граѓанин.

– При тоа, на пример граѓаните треба да знаат, во кое својство и од кои причини тогашниот претседател на Советот на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Здравев, патувал во Италија дури 8 пати?

– Прекумерното и неоправдано трошење на народните пари при реализација на овој проект, најсликовито може да се види дека при изработката на само еден споменик,(на М.А. Ченто), вајарите добивале дури до 700 евра, односно преку 42 илјади денари месечно цели, 9 месеци.

– Надвор од овие хонорари, дополнително, само за храна и пијалаци, овие лица потрошиле 9.000 евра, што значи по 2.000 денари дневно во услови кога просечниот македонски граѓанин едвај излегува на крај секој месец со својата плата.
Ова се само некои примери што упатуваат на тоа дека нема здрава логика во политиките на власта“, истакнуваат од СДСМ.

СДСМ бара од Јавното обвинителство веднаш и со најголема сериозност да го разгледа контроверзниот проект „Скопје 2014“ што минатата недела доби и официјална потврда во наодите на ревизијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.