Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ одлучи: Претседателот на партијата ќе се бира на непосредни избори

0
By Нова ТВ on January 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централниот одбор на СДСМ денеска одлучи идниот претседател на на партијата да биде биран на непосредни избори, на кои право на глас ќе има секој член на СДСМ.

„Целиот процес ќе се води од најмалите организациони единици на СДСМ, од Месните организации, па се до најголемите единици и највисоките партиски органи, преку транспарентна постапка. Во оваа насока започнува постапка за ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите на СДСМ. На овој начин, партијата дополнително се демократизира и подобрува за уште подобро да им служи на граѓаните“, велат од партијата.

На седницата, како што известија од СДСМ, Централниот одбор на партијата донесол Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ.

„Врз основа на компаративни и внатрепартиски анализи, со помош на американскиот меѓународен институти ИРИ, усевоен е Кодекс со кој се воведуваат највисоките начела и стандарди за однесување на членовите на СДСМ, особено за носителите на јавни функции. Како одговорна партија даваме конкретен придонес, преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспарентно однесување и работење“, информираат од СДСМ.

Во обраќањето пред членовите на Централниот одбор, претседателот Зоран Заев посочил дека СДСМ, како владејачка партија, годината ја започнува со нова енергија, подготвен за сите предизвици со кои е соочена државата.

„Во новата година влегуваме со нова енергија, подготвени за сите предизвици. Конечно да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот. Вакцинирањето е операција од врвен приоритет и јавен интерес, обезбедени се потребни количини на вакцини за граѓаните, а институциите се подготвени да го реализираат во целост. Покажавме дека можеме да одговориме на најсилните предизвици кои ги донесе минатата година, да го заштитиме јавното здравје, економијата, да ги спасиме работните места, да им помогнеме на граѓаните. Оваа година ќе биде година и на целосен рестарт на економијата, нови економски потенцијали, мерки и политики за враќање на стапките на раст и развој како и зголемување на продуктивноста. Преку стратешката Акција 21 европските стандарди ги носиме дома а спремни сме и за реализација на пописот согласно сите европски критериуми“, рекол во своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На онлајн седницата на Централниот одбор, Заев им соопштил на сопартијците дека СДСМ е фаворит на сите анкети и е во водство пред политичкиот противник, што, според него, било потврда дека граѓаните ги препознаваат државничките политики на СДСМ.

„Во оваа насока, дополнителната демократизација на партијата, со тоа што овозможуваме секој наш член да гласа на овогодинешните внатрепартиски избори е нов квалитет, нова вредност за СДСМ. За прв пат во нашата држава ќе се случува внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател и тоа ќе го направи СДСМ, како што личи. Секој наш член ќе може да избира. Додаваме нова демократска вредност во партијата, во политичкиот живот и се надевам овој пионерски чекор ќе охрабри и други партии да не следат“, посочил Заев во своето обраќање.

Централниот одбор донесол одлука и за формирање на Форум на пензионери на СДСМ, со цел да ги мотивира највозрасните членови да ги искористистат нивните капацитети и искуство во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.