Според опозицината партија СДСМ, политиките на владата предводена од ВМРО ДПМНЕ резултираат со катастрофално влошување на угледот на Република Македонија.
Според партијата, исчезнувањето на државата од агендата на меѓународната заедница е сериозна опасност за повлекување на препораката на Европската Комисија за почеток на преговори со Република Македонија за полноправно членство.
„СДСМ во континуитет укажува и ја повикува владеачката коалиција да престане со деструктивните политики што ја загрозуваат иднината и перспективата на земјата“, се вели во партиското соопштение.
>> ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Експертската да продолжи со работа
Ставот на СДСМ е дека без претседател е оневозможено работењето на Експертската комисија за расчистувањето на настаните од 24-ти Декември.
Партиските функционери на СДСМ се подготвени, велат, во секоја прилика за разговор со преставници на власта за клучните прашања што се од приоритет за Република Македонија.
„За жал, нашите искрени намери валканата пропаганда на ВМРО ДПМНЕ ги користи како алиби за сопствените промашувања и манипулирње на јавноста“, тврдат од партијата.