Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Со петтиот пакет на мерки се обезбедуваат плати за 60.000 вработени

0
By Нова ТВ on February 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„СДСМ и со петтиот пакет економски мерки продолжува со спас на работните места и градење на стабилна, развојна економија, што треба да обезбеди враќање на претходните стапки на економски раст меѓу четири и пет отсто. Првата мерка од петтиот пакет е финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година во вредност од 1 милијарда 920 милиони денари, со која ќе бидат опфатени 60.000 вработени“, стои во соопштението на СДСМ.

Според нив, поддршката и овој пат ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година.

„Како алтернатива на оваа мерка, на компаниите им стои на располагање и мерката број два односно кредити со 0% камати преку Развојната банка на Северна Македонија за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи, како и за самостојните вршители на дејност и за приватните здравствени установи.

Во зависност од вкупниот обем на работа и зголемената добивка, компаниите ќе имаат можност да добијат скалесто неповратен дел од 30% до 50% од кредитот, а за реализација на оваа мерка предвидени се 615 милиони денари, односно 10 милиони евра.

Со финансиската поддршка за исплата на плати во претходните пакети, се спасени стотици илјади работни места и им се помогна на илјадници домашни претпријатија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за работниците, за компаниите, посветена на поддршка на домашната економија“, велат од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.