Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ уште еднаш ja повикува власта на крајна сериозност

0
By Нова ТВ on August 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во целост ги отфрла неточните, лажни и со ништо непоткрепени информации, лиферувани преку медиумите контролирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се обвинува СДСМ за нефункционирањето на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

Со лиферување на овие лажни информации, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не само што сака да ја избегне одговорноста за нефункционирањето на Комисијата за 24 декември, туку и дека никогаш искрено немало намера да ги исполни своите обврски и да го испочитува договорот постигнат на први март.

СДСМ во целост и крајно принципиелно ги исполни сите обврски од тој договор, затоа што СДСМ секогаш во прв план го става интересот на граѓаните. Уште повеќе, надвор од договорените обврски, СДСМ без условувања и без оглед на завршницата од работата на Комисијата, донесе одлука во полн капацитет да учествува во работата на институциите.
Од своја страна, пак, ВМРО-ДПМНЕ не стори ништо да се одблокира функционирањето на Комисијата, затоа што не сака обелоденување на вистината за тоа што се случи на 24 декември во Собранието.

Од тие причини, ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да посочи барем еден чекор што го има направено во таа насока.

Натамошното функционирање на Комисијата, по повлекувањето на претседателот Давитковски, е одговорност на власта и претседателот Иванов, чијашто обврска е именувањето прв човек на Комисијата.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради тоа што притиснаа роковите за заклучоци во врска со инцидентите, еден од условите што ѝ ги постави Брисел на земјава.

СДСМ уште еднаш ja повикува власта на крајна сериозност, затоа што лошите политики на Груевски и на оваа Влада во континуитет ја комплицираат европската иднина на земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.