Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ветува финансиски одржлива средна класа, ВМРО-ДПМНЕ реагира

0
By Нова ТВ on April 8, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ванчо Узунов, потпредестадел на СДСМ на прес конференција денес најави дека неговата партија ќе и дозволи на “Македонија да стане општество на бројна, економски стабилна и финансиски одржлива средна граѓанска класа. Тоа е нашата основна визија – да ја вратиме средната класа!”

Според Узунов во економска смисла, враќањето на средната класа може и треба да се направи преку комбинација на два механизми – забрзан развој на приватниот деловен сектор, за да стане способен да вработува повеќе вработени со повисоки плати и поправедна распределба на доходот кој се создава.

Тој вети и подинамичен развој на приватниот сектор кој зависи пред сé од порастот на инвестициите. “А порастот на инвестициите, пак, зависи од две работи: домашниот амбиент за водење бизнис и стимулациите кои треба да ги обезбеди владата.

Факт е дека актуелната влада не успеа – прашање е дали реално воопшто имаше намера – да го поттикне порастот на домашните инвестиции. Се фокусираше на странските инвестиции, со слаб успех”, рече Узунов.

За пораст на домашните инвестиции, во својата програма СДСМ предвидува бројни мерки. Од нив денес беа наборјани следните: “идната влада на СДСМ ќе води политика на оттргнување на политиката и политичарите од директното мешање во економијата. Преку низа измени на законите, ќе ја отстраниме можноста државните институции да ги уценуваат приватните фирми, ќе ги изедначиме условите за инвестирање на домашните и странските инвеститори. Поволностите кои сега важат за странските инвеститори во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ќе важат и за домашните инвеститори. Тоа оваа влада го најави, но не го направи – и ниту пак има таква намера во иднина; ќе водиме различна, соодветна казнена политика”.

Узунов најави и намалување за најмалку 50% постојните казни и глоби, при сите инспекциски контроли, прво ќе бидат издавани само опомени, а само при повторување на прекршоците, ќе може да следи парична казна; по една година, ќе ја разгледаме можноста за скалест пристап во казнената политика – помалите фирми да плаќаат помали глоби; принципот „прво опомена“ ќе важи и за присилната наплата на долговите”.

Узунов ја повика јавноста да ја разгледа целата програма која содржи бројни други мерки и активности за реално подобрување на тешката економска ситуација во Република Македонија.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение во кое се вели дека “странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2011-2013 година достигнаа 660 милиони евра, а од 2007 до 2013 вкупно 1.871 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од износот на СДИ во времето на Владата на СДСМ И токму затоа СДСМ е нервозна.

Од друга страна СДСМ се поотворено застанува против странските инвеститори кои минатата година отворија над 10 илјади нови работни места. Зарем на СДСМ му пречат 4000 нови работни места во Дрекслер Маер во Кавадарци, 1200 нови работни места во Кромберт и Шуберт, 1200 работни места во Џонсон Контролс, 1000 нови во Кичево и т.н.

СДСМ треба еднаш да прифати дека и домашните компании имаат еднаков третман. Токму затоа: Во изминатите години континуирано спроведувавме мерки и проекти со цел да ја зголемиме поддршката на домашните компании. Одржавме најниски даноци во Европа, во услови на светска и европска криза кога сите други земји го зголемија даночниот товар врз фирмите. Одржувавме висок износ на капитални инвестиции кои помогнаа за висок раст на градежништвото и поврзаните индустриски гранки. Навреме обезбедивме 250 милиони евра со субвенционирана камата од 5,5%, со што директно им помогнавме на повеќе од 1000 македонски компании. Преку оваа кредитна линија, во услови на светска криза им овозможивме на компаниите пристап до свеж капитал за реализација на преку илјада проекти со што се отворија голем број на работни места. Владата ги исплати сите обврски кон стопанството што помогна да се подобри ликвидноста на стопанските субјекти.

Во новата програма има посветено посебен сет на мерки за поддршка на македонските компании. И во следните четири години со ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе задржи најниски даноци во Европа и ќе биде земја со најповолна бизнис клима во Југоисточна Европа.

Преку реализацијата на многу инфраструктурни проекти и издвојување на висок износ на буџетски средства за капитални инвестиции, и натаму ќе обезбедуваме работа за македонските градежни компании и за над 25 индустриски гранки поврзани со градежништвото. На малите и средни компании, ќе им обезбедиме пристап до нови 100 милиони евра кредити со субвенционирана каматна стапка од 5,5%. Дополнително ќе извршиме докапитализација на МБПР со 10 милиони евра, односно по 2,5 милиони евра годишно, со што македонските компании ќе можат да го финансираат своето производство наменето за извоз.

А во сегментот на земјоделското производство ќе се продолжи со поддршката како и на откупот, така и на извоз на земјоделски производи”, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.