Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Владата да го објави договорот со Русија за гасоводот

0
By Нова ТВ on July 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната прес-конференција СДСМ побара одговор од Владата што точно потпишаа владите на Македонија и Руската Федерација во текот на минатата недела.

Во исто време најголемата опозициска партија побара македонската Влада да го објави Договорот.

Од СДСМ прашуваат согласно која физибилити студија ќе се гради гасоводот? Која е трасата по која ќе минува гасоводот низ Македонија и кои градови ќе бидат опфатени со гасификацијата, како и кога очекува Владата, Македонија целосно да биде гасифицирана?

– Секоја Влада, доколку навистина е сериозна во намерата да ја гасифицира земјата би требало уште денес да ги има и да ги сподели со јавноста бараните информации – рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Манчевски потсети и на хронол0гијата на ветувањата за гасификација на Република Македонија.

– СДСМ искрено се надева дека ќе дојде до реализација на проектот за гасификација на Македонија, но после седум години јавноста заслужува конкретни и точни информации, со оглед на тоа дека заменик премиерот Ставрески на почетокот на 2007 година најави дека Владата потпишала Договор со руската Влада за порамнување на Клириншкиот долг и дека работни тимови на „Гаспром“ и експерти од Македонија ќе работат заедно на проектот за гасификација на Македонија.

Потоа Ставрески најавува дека изградбата на гасоводот ќе почне во ноември 2007 година. Повторно Ставрески само неколку месеци подоцна вели дека изградбата ќе почне на пролет 2008 година.

Ставрески вели дека Македонија ќе се гасифицира најдоцна до 2010 година. Во 2009 година владите на Македонија и Руската Федерација, согласно тогашните изјави на нашите владини претставници, по втор пат се договараат за исплатата на Клириншкиот долг. Во таа прилика Ставрески изјавува дека изградбата на гасоводот ќе почне во 2010 година.

Во 2010 година премиерот Груевски изјавува дека гасификацијата ќе почне во 2011 година. Повторно Груевски во јули 2012 година не уверуваше дека изградбата на гасоводот ќе започне на крајот на 2012 година итн“, рече потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.