НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Граѓаните со гнев, ВМРО-ДПМНЕ ги слави насилниците

0
By Нова ТВ on April 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ништо не е сменето во ВРМО-ДПМНЕ, ако пред три години оваа партија од позиција на режим организираше насилен упад во Собранието кога беше извршен обид за убиство на пратеници, денес носители на пратенички листи од оваа партија јавно бранат насилници и се закануваат со нови насилства, велат од СДСМ на денот кога се одбележуваат три години насилниот упад во Собранието. Кошмарот чии слики експресно го обиколија светот кулминираше со насилство, луѓе со фантомки кои спроведуваат „ред“ во законодавниот дом, крвави глави, амбулантни возила, евакуација…

„Носителката на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска, инаку кадар на Никола Груевски застана јавно во одбрана на насилниците кои организирано упаднаа во Собранието и кои сакаа да убијат пратеници и новинари. Носителот во петтата изборна единица Игор Дурловски кој заедно со толпата влезе во Собранието, денеска, ги управува оние со кои упадна во Собранието и најавува нови битки“, потсетуваат социјалдемократите.

Ваквите ставови на високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, според нив, само покажуваат дека партијата предводена од Мицкоски не само што не се оградува од насилството од 27 април, туку напротив, тие ги слават насилниците и сакаат пак да го вратат насилството.

„И по три години од најцрниот датум за нашата демократија, ВМРО-ДПМНЕ останува во истата насилничка матрица и натаму шири омраза, поделби и конфликти. Граѓаните го препознаваат ваквото насилничко и деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа никогаш повеќе нема да дозволат враќање на режимот кој со години ја имаше заробено државата“, велат од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.