Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Законот за музика е уште еден мега-корпуциски скандал

0
By Нова ТВ on April 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на СДСМ остро реагира за за Нацрт-законот за поттикнување на домашното творештво во забавната и народната музика, кој вчера го презентираше министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и смета дека се работи за нова мрежа на корупција на владејачката партија насочена кон категоријата гласачи од областа на популарната музика.

Според Советот, нацрт-законот ќе предизвика серија несогледливи штети по културниот систем во земјава бидејќи вкупните средства што се издвојуваат за поттикнување на класичното музичко творештво, преку Сојузот на композиторите и преку индивидуални проекти или нарачки, е приближно околу 10 илијади евра, што е околу 40 пати помалку од средствата предвидени за поттикнување на популарната музика во една година.

„Вкупните средства (200 песни годишно со просечни суми од околу 2000 евра) за време на траење на законот се околу 2 милиони евра.

Ова е всушност, уште еден мега-корпуциски скандал. Не станува збор за намера да се поттикне творештвото, ами за провиден начин државни средства да влезат во џебовите на естрадните уметници користени за партиски кампањи. Лицата што можеа да се видат на екраните, се главно оние што пееја на митинзите на владејачката партија или кои што читаа рекламни спотови за кандидатите на владејачката партија.

Владата ќе финансира песни за трето дете

Наместо вакви провидни, перфидни и дрски начини на злоупотреба на народните пари, Советот за култура на СДСМ предлага Владата да посвети поголемо внимание на ефективно враќање во функција на Музичката продукција на МРТ, со сите нејзини ансамбли, со целиот нејзин капацитет и со веќе докажаните стандарди.

Еден од најспорните аспекти на законот е промовирањето на сомнителна, квази-конзервативна агенда на семејни вредности што е неспоиво со забавниот карактер на поп културата. Очекуваме Министерството за култура да ги решава вистинските проблеми, а бројот на новороденчиња да го остави во доменот на приватните радости на македонските граѓани“, се вели во соопштението на Советот за култра на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.