Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бара име за рисот од НП „Маврово“

0
By Нова ТВ on February 13, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Викендов близу селото Сенце, во Националниот парк „Маврово“ е заловен уште еден балкански рис, шести по ред од кога започнаа истражувањата со методот на радиотелеметрија и GPS следење на обележаните единки од страна на Македонско еколошко друштво во 2010 година.

Рисот Б8 засега го држи рекордот за најголем балкански рис што бил фатен за научно истражување. Со 27 килограми сметаме дека тој е вистински „ѕвер“.

 

Како е заловен

Викендов добивме сигнал дека една од кафез замките е активирана и веднаш со тимот на МЕД и вработените на НП „Маврово се упативме да ја провериме замката. Изненадувачки за нас беше што се работи за крупен мажјак од 27 килограми за којшто се востанови дека е постојан жител на паркот и е сликан од фотозамките на вкупно 12 различни локации во последните шест години, изјави Диме Меловски, раководител на Програмата за зачувување на балканскиот рис, од Македонско еколошко друштво.

На рисот Б8 му е поставен околувратник и веќе три дена се добиваат информации за неговото движење низ паркот. Податоците од радиотелеметријата ќе придонесат за подобро да се разберат потребите на рисот за исхрана и живеалиште, а и за дијаметарот на неговото движење.

Македонското еколошко друштво преку гласање за неколкупредлози, сака да му даде име. Предлозите се: Бистри, Филип, Јован, Мујо, Сенко и Вир. А може да се гласа на следниот линк:

ttps://docs.google.com/forms/d/1jO8VHYhu3rJf60kbxu9qDGEPfhil_AqEW4XBKhrpFb0/edit?fbclid=IwAR1049gTpwLYsq5RQbiPz3cxYEDTTMbi2dSYp1W8U9eTjkO0w-ziIMJN-a0

Од 2010 до сега МЕД ги има заловено и следено рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја и….

На Балканот се проценува дека живеат уште помалку од 50-тина единки од видот балкански рис којшто од 2015 година го има статусот на критично загрозено животно според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.