Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се ближи крајниот рок: Кои компании ќе стават клуч, а кои филтри?

0
By Менче Атанасова Точи on February 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема одложување на крајниот рок, кога до 1-ви април големите загадувачи мора да ги исполнат законските обврски и на фабриките да постават филтри и пречистителни станици. Ова денеска го потврди заменик министерот за животна средина Стево Темелковски.

Но, дали сите компании ќе успеат да се усогласат со оперативните планови, за до овој рок да инвестираат во системи кои ќе го намалат испуштањето на отровни материи. Ова особено, што министерот Абдулаќим Адеми пред три месеци се закани со клуч за оние компании што нема да ги направат потребните усогласувања.

Лиле Поповска, претседателка на ДОМ, Партијата на зелените, за НОВА вели дека во последните месеци има засилени контроли, а компаниите се стимулираат да одговорат на законската регулатива.

-Речиси сите компании се подготвуваат до 1-ви април да ги исполнат законските обврски. Единствено проблем има со„ Југохром“ од Јегуновце, кој нема финансиски средства за да инвестира во филтри. Сметам дека во овој случај треба да помогне Владата бидејќи „Југохром„ од една страна е голем загадувач, но од друга страна вработува многу луѓе, поради што неговото постоење е неопходно , изјави за НОВА Поповска.

И покрај настојувањето, не добивме одговор од раководството на „Макстил “АД, кoj e еден од најголемите загадувачи во Скопје, дали ќе се усогласат со стандардите.
Во септември минатата година Љупчо Зиков, лидер на Позитивна Македонија најави можност од затворање на фабриката, доколку се покаже дека не е финансиски исплатливо да се запре загадувањето.

Неофицијално,некои од компаниите како што се „Арчелор Митал“ и „Скопски легури“ веќе се при крај со подготовките. Раководството на Гигантот „Фени индустри“ неодамна пред кавадарчани вети дека ќе стават филтри со кои ќе се спречи загадувањето од честичките кои се штетни по здравјето на луѓето.

Според информации на НОВА, таму недостасуваат уште некои работи, а за две-три недели дефинитивно ќе се знае кој ги исполнува еколошките стандарди. Во Министерството за животна средина велат дека до крајот на февруари сите компании треба да достават детален извештај во кој ќе образложат до каде стигнале со остварувањето на обврската.

Инаку, откако Владата остана на ставот дека 1-ви април е краен рок за исполнување на обврските, дел од компаниите меѓу кои „Максил“, „Скопски легури“, „Југохром“, „Фени“, „Арчерол Митал“, и „Балкан енерџи груп“, побараа одложување на крајните рокови но, Владата го одби нивниот предлог.

Министерот Адеми тогаш ги посочи „Макстил“ и „Југохром“ како компании кои нема да стигнат да ги исполнат обврските до крајниот рок. Тој најави дека после овој рок, односно по 1-ви април ќе работат само оние фабрики што вложиле пари во изградба на филтри и пречистителни станици со кои ќе се спречи загадувањето. .

Само за потсетување, неодамна цементарница Усје ја пушти во употреба пречистителната станица со што ги исполни стандардите, а во последните неколку години фабриката инвестираше 36 милиони евра за заштита на еколошката средина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.