Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се финализираат деталите за вакцините, Филипче тврди дека наскоро ќе стигнат

0
By Нова ТВ on March 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Засега не се знае кога точно во земјава ќе пристигнат вакцините против Ковид-19 со кои треба да стартува масовната имунизација на населението. Процесот на вакцинација почна, но само на директно изложените здравствени работници во ковид центрите со пратката од 8000 вакцини на Фајзер што беа добиени преку Србија. Надлежените уверуваат дека разговорите со производителите продолжуваат и оти пратките со вакцини ќе пристигнат во најскоро време.

Северна Македонија треба да добие 200 000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Покрај очекуваните количини преку системот Ковакс, во тек се разговори за набавка и на 100 илјади дози од руската Спутник V, како и вакцини од Фајзер.

Министерството за здравство вчера соопшти дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на вакцини од „Синофарм“, но оти договорот не е откажан. Уплатата била повлечена на барање на кинеската страна поради усогласување на документацијата.

Министерот Венко Филипче тврди дека авансот за кинеските вакцини е повлечен поради наша сигурност. Потенцира дека и покрај тоа разговорите за овие вакцини се во завршна фаза и дека тие за многу скоро ќе бидат во земјава.

-Тоа го направивме за наша сигурност, секако. Никако не значи дека нема да стигнат вакцините, но со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа многу често ни укажуваат. Се врати дел од средствата, но навистина преговорите сега овие денови па дури и за време на викендот ми се чини дека се во последната фаза и мислам дека целокупниот тој процес ќе се заврши и вакцините за многу скоро ќе пристигнат во нашата земја, изјави  Филипче.

Во однос на вакцините од Ковакс механизмот, оттаму за март се најавени 20 до 30.000 вакцини од АстраЗенека. Интензивно се разговара и со производителот на руската вакцина Спутник V, за што неделава треба да се добијат конкретни податоци, а се чекаат и информации од преставништвото на Фајзер кога ќе пристигне  драфт договорот од нивната канцеларија во Њујорк.

Филипче вели дека компаниите имаат свои барања од приемот, одговорностите во делот на вакцините и дека тоа е процес што важи за секоја земја во светот. Според него, нашиот здравствен систем е подготвен за вакцинирање на населението и засега вакцинацијата одлично се спроведува.

Околу 2.400 медицински работници се веќе вакцинирани и таа бројка оваа недела се очекува да достигне 4.000, односно да бидат вакцинирани сите здравствени работници кои работат со ковид пациенти. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини дека се потврдиле нивните сознанија за кинеските вакцини и дека е вратен авансот.

– Филипче вели разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја. Но, кој е најкусиот можен рок никој не знае, не знае ни самиот Филипче, забележуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако во последниве недели се бележи раст на бројот на заболени со Ковид-19 и на факторот на преносливост, засега нема планови за нови рестириктивни мерки. Зголем број хоспитализирани има во Кавадарци, Прилеп и Охрид, додека во другите градови ситуацијата, според епидемиолозите, е мирна и стабилна.

Кај нас се уште не е детектиран јужноафриканскиот сој на коронавирусот, а околу седумдесетина проценти од новозаразните, се од британскиот сој.

Имајќи предвид дека британскиот сој многу побрзо се шири, Филипче смета дека веројатно убавото време ги тера луѓето да не ги почитуваат превентивните мерки.

Од почетокот на епидемијата, во Северна Македонија се евидентирани вкупно 102.787 КОВИД-дијагностицирани лица. Оздравени се 91.233, а битката со Ковид-19 ја загубија 3.137 лица. Бројот на активни случаи изнесува 8.417.

Во претходното деноноќие се регистрирани нови 305 ковид позитивни од направени 2.533 тестирања што е 12,04 отсто.

Во болниците низ државата се хоспитализирание 667 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот. На  инфективните оддели во Скопје се лекуваат 256, а во ковид-центрите во другите градови 411 пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.