Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се интензивира израелската офанзива врз Газа

0
By Нова ТВ on July 20, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници Палестинци денес бегаат од истокот на Газа по новите жестоки бомбардирања на Израел, јавува агенцијата АФП која прецизира дека многу жртви лежат на улиците но лекарската помош не доаѓа токму поради истрелитекои доаѓаат од Израел.

Портпаролот на службите за итна помош тврди дека најмалку 20 мртви лица, помеѓу кои и деца, се наоѓаат на улиците на Газа.

Израелската армија денес најави дека биле убиени двајца израелски војници во овие борби и со тоа билансот на жртвите се седум војнички животи.

Армијата исто така најави дека ќе ја засили својата офанзива на теренот која влегува во својот 13 ден и досега однесе 350 палестински жртви.

Со ова најверојатно се доведува во опасност прекинот на оган кој го предложи Египет. Хамас од своја страна им ги даде своите услови на Египет, Катар и Турција, на Арапската лига и на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Неделава Египет предложи прекин на огнот. Предлогот го прифати Израел но Хамас во отфрли барајќи претходно кревање на блокада на Газа, отворање на границата со Египет, ослободување на заробени Палестинци и уште неколку услови.

Хамас тврди дека не бил во тек со египетскиот предлог и дека за неговата содржина бил запознаен преку медиумите што воопшто не му се допаднало на ова исламистичко движење. Тие сакаат во прекинот на оган да се ангажираат Катар и Турција кои Хамас ги смета за сојузници. Минатата ноќ Хамас соопшти дека добил покана од Египет за средба во Каиро на која ќе се разговара за египетската иницијатива.

Во овој текст Хамас вели дека неговата позиција за египетскиот предлог е позната и дека движењето ја отфрла но истовремено е “спремен да соработува со секоја инцијатива на било која страна која би одговорила на специфичните барања на Палестина кои веќе се презентирани”.
.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.