Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се јавија првите кандидати за наследник на Зврлевски-која е постапката

3
By Нова ТВ on August 18, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По долга собраниска дебата од 12 продолжениja, вчера беше разрешен Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Разрешувањето на Зврлевски беше предлог на Владата поради „незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата, како и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата“.

Советот на јавни обвинители го прифати предлогот.

-Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, пред истекот на мандатот, е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во своето однесување и дејствување именуваниот покажа дека не е способен за извршување на функцијата, поради неподнесување барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата, пишува во образложението на Советот на јавни обвинители кое го доставиле до Владата.

Во меѓувреме, започна трката за оваа функција. Меѓу имињата на можниот наследник на Зврлевски се најдоа повеќе етаблирани адвокати и поранешни обвинители. Бидејќи се уште не е објавен конкурсот, некои од нив преку медиумите и преку социјалните мрежи најавија дека ќе се пријават на конкурсот.

Фото Макфакс

Прв тоа го направи Александар Наков, поранешен јавен обвинител во Штипското обвинителство и судија во Основниот суд – Штип, а сега адвокат. Тој во интервју за Макфакс рече дека ќе поднесе кандидатура, но друго прашање е дали ќе биде избран.

Преку Фејсбук, кандидатура најави и адвокатото Ѕвонко Давидовиќ. Како трето име што се појавува во јавноста е адвокатот Александар Тортевски.

Постапка

Законот за јавно обвинителство предвидува по разрешувањето, претседателот на Собранието треба да објави конкурс за избор на нов државен обвинител во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника, од кои еден мора да биде на албански јазик. Наведено е дека рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од денот кога огласот ќе биде објавен.

Јавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители на Република Македонија без ограничување на траење на мандатот под услови и во постапка утврдени со закон.

Советот на јавни обвинители на Република Македонија, на барање на Владата на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата на Република Македонија доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон.

Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставува предлог за именување на јавен обвинител на Република Македонија од пријавените кандидати за кои Советот дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител на Република Македонија, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот.

Ако Советот на јавни обвинители на Република Македонија од оправдани причини во определениот рокот не достави мислење до Владата на Република Македонија, рокот се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Ако Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или од пријавените кандидати Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител на Република Македонија, може да му предложи на Собранието да го повтори огласот од ставот.

Јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.

Услови

Според Законот за јавно обвинителство, за јавен обвинител може да биде именувано, односно избрано лице кое ги исполнува

следниве услови:

– да е државјанин на Република Македонија,

– активно да го владее македонскиот јазик,

– да е работоспособен и да има општа здравствена способност,

– да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија или нострифицирана диплома од странство и – да има положено правосуден испит во Република Македонија.

За Јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое покрај овие услови ги исполнува и следниве посебни услови:

– да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вондреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

За можните наследници на Зврлевски во дебата за НОВАТВ минатиот месец говореа и новинарката Гордана Дувњак и адвокатото Мирослав Вујиќ.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.