Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се кријат деталите за кредитот за изградба на клиничкиот центар

0
By Менче Атанасова Точи on January 8, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту една институција во државата не дава прецизни податоци за условите под кои Македонија го има земено кредитот за новиот клинички центар „Мајка Тереза“. Огромниот комплекс треба да се гради со пари од Банката на Советот на Европа и тежи 70 милиони евра. Како што најави министерот Тодоров државата ќе учествува со котација од 50 проценти. Само идејниот проект кој е доверен на италијанската фирма Арен Срл, државата ја чини 1,3 евра.

Тодоров ниту еднаш досега не сакаше да зборува за деталите на оваа кредитна линија која граѓаните на Македонија ќе ја исплаќаат во наредните 20 години.

„Станува збор за договор со италијанска компанија со која ние имаме договор за три идејни решенија од кои што одбравме едно. Потоа се направи идеен проект, архитектонско урбанистички проект и основен проект. Сите овие работи се завршени, освен основниот проект. За кредитната линија ќе одговорам кон крајот на годината кога ќе расправаме за заемот на Банката на Советот на Европа, знаете дека за тоа се носи посебен закон и се склучува посебен договор, затоа не треба да ги прејудицираме тие услови. Меѓутоа, станува збор за најповолни кредитни линии со сериозно учество на државата од 50 проценти, одговори на прашање на НОВА, Тодоров на 6 август 2013-та година.

Но, и на крајот и на 2014 -та година министерот Тодоров повторно не одговори на прашањето: „На колку години и со која каматна стапка граѓаните ќе го исплаќаат кредитот и со колкав грејс период?“ Тој на одговор не упати во Министерството за финансии, како институција во која се упатени во проблематиката.

По многу инсистирања и барања, единствено што како одговор го добивме од Министерството за финансии е текстот од Предлог законот од 2009-та година, за задолжување на Македонија во Банката на Советот на Европа за реконструкција на повеќе болници. Таму стои дека кредитот ќе се се зема во три етапи, а првите пет години нема да се плаќа ништо, ниту една рата. Во секоја етапа ќе се договара сумата, во зависност од потребите. Не познато со колкава каматна стапка е кредитот.

Познавачите на проблематиката велат дека тоа се поволни услови за една Влада, која во првите пет години ќе си обезбеди социјален мир, но подоцна граѓаните ќе го почувствуваат товарот бидејќи ќе го исплаќаат кредитот во наредните 20 години. Особено што и останатиот дел од сумата кој треба да биде обезбеден од буџетот повторно е на товар на граѓаните.

„Не сум запознат со деталите од кредитот, но генерално нема поволен кредит штом е на товар на граѓаните. Во овој период каматите се ниски, но може и да се зголемат бидејќи се променливи. Но, не е проблемот во каматите, туку до капацитетот на задолжување. Доколку се пречекори капацитетот, колкава и да е каматата, тоа претставува оптоварување за државата, изјави за НОВА екс -гувернерот на Народна Банка и поранешен министер за финансии, Петар Гошев.

Според планот грандиозниот објект на Новиот клинички центар треба да биде со површина од 61 500 метри квадратни. Во него се планира да бидат сместени сите клиники, освен инфективна, детска и клиниката за гинекологија.

Надлежните една година однапред ги прецизираа деталите за тоа како треба да изгледа клиничкиот центар. Еве, како дел од медиумите во детали пишуваа како ќе изгледа објектот во внатрешноста.

„Лифтовите ќе имаат панел за копчиња со цифри испишани и во Браjева азбука, а на секој кат се предвидени тактилни мапи за секој посебен простор. Дополнителна сигнализација во Браjева азбука ќе биде испишана и на оградите во ходниците.

Сите горенаведени елементи на сигнализација ќе бидат изработени од лесно хигиенски одржливи материјали, издржливи на долготрајна употреба и соодветно заштитени од вандалски дела (алумуниумска структура, abs за поврзување, спојување и обложување, транспарентни антирефлексивни PVC фолии за заштита на панелите). За испишувањето на симболите ќе бидат употребени фоторезистентни материјали, сериграфски аплицирани декорации и висококвалитетни лепливи фолии. Ќе бидат изоставени од употреба рефлексивните материјали.

Објектот на новиот клинички центар ќе биде пристапен, тоа значи дека до него ќе може да дојде, ќе може да влезе и ќе може да го користи секој кој има потреба од здравствена услуга. Тоа ќе биде објект без бариери“ се вели во еден од текстовите на еден портал кои спектакуларно ја најавија изградбата на клиничкиот комплекс.

Според најавите од Министерство за здравство новиот Клинички центар треба да биде завршен во 2017-та година. На почетокот на 2015-та на местото каде што треба да бидат поставени темелите, се уште стои само огромна дупка. Нема работници кои ќе ја зидаат зградата, а проектот доцни година и половина.

Во јануари минатата година со уривањето на старата зграда на гинекологија, официјално беше означен стартот на изградбата. Тогаш министерот за здравство Никола Тодоров и премиерот Никола Груевски најавија дека процесот на уривање ќе трае три месеци, по што треба да започне изградбата на новиот објект. Од тогаш наваму измина цела година, но не се случи ништо.

Просторот каде што треба да се изгради новиот објект, сега е оставен на забот на времето, на дожд и снег и иако е заграден, преставува потенцијална опасност за луѓето. Патеката меѓу него и Хируршките клиники постојано е во кал. Сето ова создава грда слика за Универзитетскиот клинички центар, особено што е зафатено централно подрачје на комплексот клиники каде што има огромна фрекфенција на пациенти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.