Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се отвора пат за лидерска средба помеѓу ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА

0
By Сашка Цветковска on June 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорите на САД и Европската унија по завршувањето на средбата со претставници на четирите партии-потписнички на Договорот од Пржино дадоа изјави со умерен оптимизам дека е можен договор во скоро време. Средбата помеѓу претставниците отвора и пат за нови средби на лидерско ниво. Амбасадорите откриваат дека во изминатиот период веќе активно се дискутирало со партиите и дека договорот е можен и тоа поскоро.

-Имаме средби последните неколку недели и се надеваме дека наскоро четирите партии ќе постигнат некаков напредо, рече амбасадорот на САД Џес Бејли по завршувањето на средбата во резиденцијата на ЕУ во Пржино денеска попладне на којашто секоја од партиите  имаше можност да ги произнесе  своите барања и забелешки на билатерални средби со посредниците.

-Со партиите сме во близок контакт, преговорите продолжуваат и се надеваме дека што поскоро ќе имаме договор, рече амбасадорот на ЕУ Аиво Орав.

-Според нас, потребно е сите услови за фер и демократски избори да се исполнат час поскоро и да знаеме дека тие избори нема да бидат повторување на претходните криминални избори и така да и дадеме шанса на граѓаните да одлучуваат кој ќе ја носи одговорноста за Македонија во следниот период. Имаме ситуација во којашто секоја точка од договореното во Пржино виси, рече Радмила Шеќеринска од СДСМ која беше единствената од претставниците на четирите партии која прифати да зборува со новинарите.  Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Имер Алиу од ДПА и Артан Груби од ДУИ избегаа од медиумите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.