НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Се отвори нов пазар“ – војната во Украина го намали бројот на странски платеници во Либија, велат експерти на ОН

0
By Sashko on July 5, 2022 СВЕТ
Фото: promoteukraine.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на странски платеници во Либија е делумно намален поради војната во Украина, наведува Чалока Бејани, експерт на ОН, цитиран од агенцијата ДПА. Бејани го опиша тоа со „отворање на нов пазар на друго место“.

Британскиот правен експерт, кој е со потекло од Замбија, собира докази за кршење на човековите права во Либија и дел е од комисијата на експерти назначена од Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН).

Според Бејани, во Либија е видливо намален и бројот на платеници од руската група Вагнер. Приватната воена компанија се смета за армија во сенка на рускиот претседател Владимир Путин, кој негира каква било вмешаност во неа.

Според британските разузнавачи, Москва најверојатно била принудена да и даде приоритет на инвазијата на Украина со персоналот на Вагнер на сметка на операциите во Африка и Сирија.

„Меѓутоа, не сите странски борци се повлечени од Либија. Платениците го продолжуваат конфликтот во земјата и можеби ги игнорираа меѓународните правила за заштита на цивилите“, се наведува во извештајот кој беше презентиран од Бејани и неговиот тим.

Либија од 2011 година е зафатена со граѓанска војна, откако со револуција беше соборен долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи. Бројни милиции сè уште се борат за влијание во регионите од земјата, а во конфликтот се вклучени и други земји, вклучувајќи ги Русија и Турција.

Проценките на ОН се дека во Либија до крајот на 2020 година се бореле околу 20.000 странски платеници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.