Државниот оператор за пренос на елелтрична енергија МЕПСО извести дека започнаа подготовките за изградба на далноводот вреден 68 милиони евра, кој треба да ги поврзе Битола и Елбасан.
Според физибилити студијата, делот на македонска територија ќе чини 43,5 милиони евра и ќе вклучува 96 километарска линија од Битола до албанската граница, како и 410/110 киловолтен трансформатор во близина на Охрид, известува МЕПСО.
Техничкиот меморандум за проектот треба да се потпише наскоро, според договорот на директорите на компаниите за пренос од двете држави.
Далноводот Битола-Елбасан ќе биде прво енергетско поврзување меѓу двете земји и се очекува да биде оперативен кон крајот на 2017 година.