Девет израелски војници се убиени вчера во борби во Појасот Газа, со што бројот на загинати Израелци достигна 52, соопшти денеска израелската армија. Бројот на загинати Палестинци од почетокот на израелската операција во Појасот Газа достигна околу 1.100 лица.
По загинувањето на Израелците на југот на земјата од граната на Хамас, Израел возврати со масовни напади врз цели во Газа.
Жителите на градот Газа говорат за досега најтешките напади од почетокот на офанзивата пред три недели.
Според медиумски извештаи, во Газа биле нападнати околу 150 цели со артилерија, воени бродови и од воздух. Според спасувачките екипи, 16 лица загинале, а голем број луѓе биле повредени.