Едно лице загина, а 25 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава, околу 5:50 часот, на автопатот кај Лесковац во правец кон Ниш, кога се преврте автобус со сомборски регистарски таблички. Автобусот превезувал туристи кои се враќале од летување во Ханиоти.
Според РТС, една жена загинала, а на местото на несреќата се наоѓаат полициски и противпожарни екипи и во тек е истрага.
За лекување на повредените се ангажирани медицински екипи од Лесковац, Лебанe, Власотинцe и Ниш. Девет повредени, меѓу кои две деца, се пренесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, соопштија од таа здравствена установа.
Засега не е позната причината поради која автобусот излетал од патот.