Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се проширува истрагата за „Пулс“ – УЈП суспендира инволвирани

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 30, 2025 18:18

Пораките меѓу вработени во УЈП и газдите на Пулс кои покажуваат инкриминирачка спрега се само дел од доказите кои ги поседува обвинителството и во нив има уште десетина инкриминирани дејствија, истакна денес Републичкиот јавен обвинител.

Коцевски ја потврди и информацијата на ТВ 24 дека постапката не е завршена ниту за Управата за јавни приходи, ниту за други институции. Ова следува по објавата на документираниот филм на ИРЛ, во кој се прикажува комуникација меѓу синот на сопственикот на кочанската дискотека и братот на претседателката на Кривичниот суд. Од пораките се гледа дека тие најавувале инспекции, примале подароци и ги користеле своите позиции за резервирање маси.

А дали УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци, прашавме и во УЈП. Од таму за 24 посочуваат дека можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП и тврдат дека инспекторите се суспензирани додека трае постапката.

Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата и донесе Решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните.

Во меѓувреме, предметот против осомничените полициски службеници од Кочани и Штип, кој го води Обвинителството за организиран криминал и корупција, сè уште е во истрага, а причината за подолготрајното водење на постапката, според Коцевски е тоа што во предметот постапува само еден јавен обвинител.

Инаку, обвинението за „Пулс“ треба да биде оценето од Кривичниот суд до крајот на неделата, рок кој го дадоа и родителите на загинатите деца во страотниот пожар.

 

истрага Кочани проширува пулс УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.