Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се расипала климата, па судијката наредила тужената и претставникот од Хелсиншкиот комитет да ја напуштат судницата

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагира на грубото нарушување на начелото на јавност на постапката во Основиот суд Куманово, во судски процес кој Комитетот го мониторира на барање на тужената странка.

За судскиот мониторинг, како и за лицето што ќе го спроведува, Основниот суд Куманово, како што велат од Хелсиншкиот комитет, бил уредно информиран, но, судијката пред почетокот на подготвителното рочиште, кое се одржало на 25 мај 2022 година, ги информирала тужената и судската набљудувачка дека не смеат да присуствуваат на рочиштето, односно побарала во судницата да останат само полномошниците на странките.

Со тоа судијката оневозможила нивно присуство, иако не донела решение за исклучување на јавноста, ниту пак ги образложила причините и основот за исклучувањето на јавноста и на странката. Рочиштето се одржало само во присуство на полномошниците, а пред неговото завршување, судијката побарала од полномошникот на тужената претставници од Хелсиншкиот комитет да не доаѓаат на судски мониторинг сѐ до конечно завршување на постапката.

Хелсиншкиот комитет првично реагираше по службен пат, со поднесување претставки до претседателот на Основниот суд Куманово и до Судскиот совет.

– Причината за оваа јавна реакција е токму одговорот на претставката која ја достави в.д, претседателката на Судот, кој го сметаме за срамен и недозволив, се вели во реакцијата.

Во одговорот од судот до Хелсиншкиот комитет е посочено дека се преземени дејствија за разрешување на техничките проблеми со активација на клима уредот во салата и дека во иднина ќе нема проблеми со почитување на начелото на јавност на судските постапки, како уставно загарантирано начело.

– Но, нема ниту збор за тоа што овој уставен принцип веќе бил грубо прекршен од страна на предметната судијка, која практично ја отстранила од судењето, не само набљудувачката на Комитетот, туку и самата странка, без да ја испочитува обврската да донесе решение за исклучување на јавноста, велат во Хелиншкиот суд.

Според начелото на јавност на судските постапки, членот 102 од Уставот и членот 292 став 1 од Законот за парнична постапка, расправите пред судовите се јавни и на истите можат да присуствуваат сите заинтересирани полнолетни лица.

Законот за парнична постапка предвидува и исклучување на јавноста во одредени ситуации пропишани со Законот, но исто така членот 295 вели дека за исклучувањето на јавноста одлучува советот со решение кое мора да биде образложено и јавно објавено. Дополнително, во членот 343, став 2, точка 12 од ЗПП е предвидено дека исклучувањето на јавноста од главната расправа спротивно на законот е суштествена повреда на одредбите од парничната постапка.

Поради крајно неприфатливиот одговор од кумановскиот суд, во кој се игнорира грубото прекршување на постапката од страна на судијката, Хелсиншкиот комитет ќе ја дополни претставката до Судскиот совет со добиениот одговор и со барање да преземе соодветни мерки против судечкиот судија и в.д. претседателот на судот во Куманово.

Начелото на јавност на постапката е клучно за обезбедување на правичноста и за фер и законито постапување на судовите, а неговото прекршување влијае на и онака слабата доверба на граѓаните во судството и институциите.

 

Куманово Основен суд Хелсиншки комитет за човекови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.