Прилепчанката Веселинка Филипоска, 79 годишна, денеска околу 12.40 часот се самозапали на излезот на Прилеп, во нивите пред приклучокот со магистралниот пат Прилеп- Битола.
Според полицијата, очевидци ја виделе старицата како се запалила и веднаш се јавиле во итната медицинска помош.
Како што информира Гоце Јонзоски, раководител на Итната помош кога стигнале лекарите забележале дека се уште има чад над телото и само ја констатирале смртта на старицата која починала како последица на големите изгореници.
Од СВР Битола велат дека старицата ја идентификувала нејзината ќерка и нема да се врши обдукција.
Се уште не се познати причините зошто се самозапалила.