Секое апсење, утрински упади во домови, секое изведување на уапсените пред истражен судија, кршење врати на фирми и под блесави образложенија, беа во директна координација со одбрани ТВ куќи, кои ја имаа ексклузивноста први да пренесат видео снимки од тие настани, неретко користејќи и полициски видеа за да ја збогатат својата програма, а често пати и во директни преноси. Преку тие “спектакли“, Никола, државата немаше намера да ја презентира својата односно твојата ефикасност, напротив. Преку нив влеваше страв меѓу граѓаните, испраќајќи пораки до сите кои ќе направат обид да и’ се противстават на власта под твојата “чизма“ или се на пат да откријат вистини, ќе ги снајде истото.
Борче Трајковски
(Во твојот стил, еве ти една “черга“ од мене):
Мирисот на тазе ископаната пролетната земја, на тукушто искосената предвелигденска трева во дворовите, на оросените пространи полјани преполни со вртипоп, на цветовите на кајсиите, на мирисот на пасиштата, на боите на македонската пролет, резедо во милион нијанси, на мирисот на воздухот измешани со мирисот на крвавите дамки на полјаната покрај Смилковско, на незасирената крв од младите насилно одземени животи, на мирисот на солзите на мајките. Се сеќаваш ли Никола…?
Тоа момче сакаше да ја прослави изборната победа заедно со тебе, и проба да се искачи на бината. Еден од твоите чувари го уби. Го уби со тупаници, со клоци. Му ја одзема душата, го прекина животот на еден млад човек, кој, замисли, немаше никаква друга намера, освен да ја прослави твојата изборна победа, стекната со тежок фалсификат и кражба на гласовите. Да не се пренесеше веста преку А1 телевизијата, како реакција на очевидци, смртта на Мартин ќе беше прогласена за несреќен случај или како смрт од предозираност. Два дена на твојата влада и’ требаше усогласување и договарање за да се именува виновникот кој не можеше да се сокрие и да се осуди онолку колку ќе биде за тоа договорено, баш онака како и што се случи. Тогаш судиите не беа под притисок, нели? Се сеќаваш ли Никола…
Не ни е интерес телевизијата туку други фирми во сопственост на Велија, изјави портпаролот на МВР во твојата влада. И, пази Никола, баш така се случи. Целата империја на Велија беше затворена, заедно со Велија и други членови на неговото најблиско семејство, а неговата телевизија прва. Судиите постапуваа во експресни постапки затоа што не беа под притисок. И истражните без никаков притисок веднаш одредуваа мерки притвор, а кривичните, брзо носеа пресуди со поголеми казни од онаа за убиството на Мартин. Никој тогаш не беше под притисок. Се сеќаваш ли Никола …?
Секое апсење, утрински упади во домови, секое изведување на уапсените пред истражен судија, кршење врати на фирми и под блесави образложенија, беа во директна координација со одбрани ТВ куќи, кои ја имаа ексклузивноста први да пренесат видео снимки од тие настани, неретко користејќи и полициски видеа за да ја збогатат својата програма, а често пати и во директни преноси. Преку тие “спектакли“, Никола, државата немаше намера да ја презентира својата односно твојата ефикасност, напротив. Преку нив влеваше страв меѓу граѓаните, испраќајќи пораки до сите кои ќе направат обид да и’ се противстават на власта под твојата “чизма“ или се на пат да откријат вистини, ќе ги снајде истото. Ниту еден од приведените, односно многу ретки случаи, од истражните судски простории се враќаше дома, како ти и многумина од твојата тајфа, туку, веднаш, и без одлагање, одеа во притвор, и од таму се бранеа…
Сомничењата за нивните дела беа 100 ОЛИ/метри поглупави и полесни во однос на твоите. Многумина од тие несреќници беа осудени, многумина од нив ослободени после повеќемесечни па и повеќегодишни притвори, за кои, замисли, државата сега ќе мора да плаќа отштети во милионски суми. Тогаш, Никола, тие судии не беа под никаков политички притисок, се согласувам. Сите беа под твојот посреден притисок, а се викаа Филимиена и Михајло Маневски. Машите кои го уништија правосудството во Македонија …
– Да се преврти некој камион со песок, да го блокира патот, а?
– Им ги исклучивме лифтовите …
– Кажи му, и него и жена му и децата сите у ендек ќе ги најде, мамицу им ебам комунистичка…
– Се држат за рачиња и одат на гласање, душички …
– Абе го легнаа пред клозет, еј .., 8 најмалку ќе ги крка … не, него ќе му пуштам у ќелија некој надарен…
– Како бе да сокриеш убиство? Леш имаш …
– Му течеше низ ногавици, ха ха хааа …
– А да зееме со динамит, да не ја тупиме многу …
– Лустриравте мртви, а на политичките неистомисленици им измислувавте лустрациски процеси. Мртвите по втор пат ги убивте, живите ги умревте пред време …
– Пред очите на светската јавност, со полиција ги влечевте пратениците од опозицијата за да изгласате буџет …
– Палевте џипови на новинари, Кежо го апсевте ко у амерички филм, со неизлечиви трауми кај семејството, за да го бутнете во затвор, за дело, за кое, дури сега се потврдува дека било политички терор и реваншизам … Се сеќаваш ли Никола?
Ја кретенизираше гоцевата раса, бе, Никола, на начин што, замисли, еј, магистре, докторе на економски науки, твоите политики ги бранеа кретени. Одбрана нискооктанска класа, збирштина од лажни професор(к)и, академици и самопрогласени новинари, квази аналитичари, управувани анкетари и друга ситна боранија до улични тепачи. На здраворазумното мкд пучанство им се згади, им збоктиса од едни те исти кретенчуги кои за грст пари и кафена лажичка привилегии, се глупираа низ медиумите за да ги заштитуваат твоите луди идеи, посебно оние за антиквизацијата и барокизацијата на Скопје. Исто како што прави и твојов наследник Мицко. Некои од таквите заминаа амбасадори, некои станаа едноминутни министри, други се задоволуваа со надоместоците од патните трошоци, од членство во управни одбори, комисии и слично. Ги бранеа историските поими и периоди кои немаат никаква допирна точка една со друга, и ни ги презентираа како наше лично наследство и богатство …
Од архитектурата на Скопје, на метрополата на мајка ти Македонија, направи Потемкиново село. Срам за светот, а просторот помеѓу стиропорните фасади го збогати со неверојатно многу поголемо влијание на античките одошто на илинденските херои, а извикуваш ВМРО од пети. За асномските да не зборувам. Им ги избриша имињата од улиците, им ги смени идентитетите со некои нови ликови со револвери на коњи, со ножеви во рака. Херои во твојот лажен историско советнички ум, набиен од ала Ачковска, со кретенизирани налудничави идеи со кои имаше само една и единствена намера, да им се противставиш на Грците и на Европа, да им го смениш кодот на асномските и илинденските Македонци, укажувајќи на една сосема нова историја на сите денешни Македонци. Го збриша и ВМРО со монументалната глупост на плоштадот Македонија, грандиозниот споменик на Александар велики и македонски, кој, набергу потоа, Никола, стана воин на коњ …
Се обиде да ги кретенизираш и Грците и Европејците, Никола. И светот. Кој сељачизам, кој цинизам, која мизерија покажа во тој момент, можеш ли да замислиш? Па ако споменикот си го нарачал како Александар Велики, од што уцвика, бе, мангупе, па го прекрсти во Воин на коњ? Зошто преку ноќ, како и што вообичаено ги проектираше и реконструираше сите твои кретенизми, исчезнаа краци од 16 кракото сонце на штитовите на стражарите под Александар? Сакаше да продолжиш да го мантраш светот како што овде го кретенизираше сопствениот народ? Сакаше да ги затупиш оние од надвор, како овие платени апологети за цркавица од твојата грандиозна пљачка и невидено трошење за глупости, за да те прифатат како најголем патриот? За да им организираш дипломатски коктели еднаш годишно како што максимално го понижуваше сопствениот народ со таканаречениот новогодишен појадок на Камени? Замисли, од најголемата сиромаштија предизвикана од тебе, правеше глупандери кои мораа да дојдат во Скопје за да доручкуваат ладни сендвичи кои ти си им ги нарачал. Која мизерија, Никола, кој цинизам, која расипаност. И навистина, што, всушност, сакаше, Никола …?
Па да, сакаше да владееш вечно. Сакаше да воспоставиш таква моќ со лажен патриотизам за вечно да владееш во држава која е изолирана од сите? Исто како што сега прави Мицко. А се плашеше. Се плашеше од сите, а највеќе од твоите први соработници. Се плашеше од твоите први лични обезбедувачи, се плашеше од самиот себе. Затоа сакаше сите да ти бидат на увид, и затоа ги ангажираше “странските служби“ од внатре, од фамилијата, за да ги следат и прислушкуваат. Никој не смееше да ти излезе од зацртаното само по твојот памет. Сакеше да ја окупираш Македонија, да ја направиш своја Бановина, свој пашалук, свој Сарај, свој Харем, во кој сите оркестри ќе свират според нотите кои само ти ги пишуваш, а кретенизираната маса ќе игра. И ќе ти се поклонува. Знам, Никола, сега се’ би дал, да го видиш Заев во истата ноќ кога ти ја понуди последната шанса да се повлечеш од власта за да не ги објави бомбите, ама ти продолжи да сакаш повеќе. Многу е, Никола, за да се заборави …
Мал е овој простор за да се изнапишат примерите за твојот начин на владеење. И со цел памет се јавуваш со черги од статуси во кои бараш некаква правда за себе, се претставуваш како херој патриот… Алоо, бе, Никола, дај бе испушпти ваздух од предња лева, затресуеш на 35 …!!!
Од Фејсбук ѕидот на авторот




