Се случи хакерски напад на сајтот на ДИК, за што го известивме МВР за сајбер криминал. Тие денеска беа тука и се надевам дека за брзо време ќе откријат за што с е работи. Нападнат беше сајтот, тоа беше надворешен напад, информира претседателот на ДИК Оливер Дерковски вечерва на прес конференција.
„Се случи хакерски напад кој предизвика мало одложување на оперативната активност. При тоа се појавија разни лажни вести кои ги демантирам. ДИК работи согласно законикот и има постапка со која ги добиваме сите материјали. Во текот на ноќат без престан работевме, овој пат тоа беше подолго но е поради разбирливи причини бидејќи беше пролонгирано заворањето на избирачките места.
Ниту од серверот не може да се појават вести со изборни резултати. Се обидовме да го забрзаме резултатите со софтеверски систем, но бевме цел на хакерски напад и не можевме да ги презентираме. Ве уверувам дека апликацијата функционираше. Со ова сакам да се извинам за можеби малото доцнење, бидејќи мора да се обработат сите записници број 16 од секое избирачко место“, изјави Дерковски на прес конференција.