Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се срамам од оваа земја

0
By Биљана Секуловска on October 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ

Се срамам од коментарите на Фејсбук, после моето интервју со директорот на ЛГБТ центарот Кочо Андоновски, се срамам од новите повици за насилство, се срамам од она што се претвори овој народ.

Се срамам. Станаа години како повторувам дека се срамам од тоа во што се претвори оваа земја. Пред се, во чиста омраза, која ја пополнува и најмалата празнина во оваа дупка од земја и не може повеќе да се дише. Се срамам од погромот на црните качулки кон ЛГБТ активистите, од кристалните ноќи кои со години траат, од желбата за насилство на огромен дел од она што одамна престана да се нарекува граѓанство.

Се срамам од коментарите на Фејсбук, после моето интервју со директорот на ЛГБТ центарот Кочо Андоновски, се срамам од новите повици за насилство, се срамам од она што се претвори мојот народ.

Можеби единствена утеха за овој срам кој ме јаде со години е еден друг срам, оној на една руска писателка, која во говорот на доделување на награда, говори за срамот со кој тешко се живее во денешна Русија. Се срамиме така двете од примитивизмот, мизеријата на национализмот, хомофобијата, повиците за сечење глави на предавниците, педерите, соросоидите, лустрираните, со кои се сее маглата за да се прикрие корупцијата, неспособноста, бедата- и со ништо од ова не можеме да се избориме.

Таа ноќ, кога се случи нападот во “Дамар” врз ЛГБТ активистите, пишував текст за еден друг срам. За срамот од претходната ноќ, на педесетина метри подалеку од “Дамар”, тогаш кога студентите ги избркаа новинарите кои дошле да известуваат за најавените протести за екстерно.

Се срамам од македонските студенти, кои живеат во поинаков свет од овој што го познаваме, кој одамна ќе беше мртов, ако немаше протести. Ако немаше експлозија на незадоволство векови наназад- на незадоволните, обесправените, понижените. А најважно од се, светот ќе беше едно големо ништо, да не беа револуциите во кои студентите ги покренуваа масите, ја ширеа епидемијата на протести, демонстрации, маршеви.

Култната 68, Хонгконг, арапската пролет, Мајдан во Киев, Таксим во Истанбул, Бразил, Мадрид…

Колку здодевна тема за македонските студенти! Оние истите кои најавуваа собир во средата вечер, ставаа лајкови на социјалната мрежа Фејсбук, се мобилизираа да протестираат по најавата за екстерно тестирање на студентите.

Не сакале да протестираат, затоа што се плашеле нивниот собир да не добие политички контекст, не сакале да даваат изјави пред камерите, се добивале партиски негативни конотации.

Исправно, драги студенти. Време е за молк. Некогаш, кога ќе имате време, пуштете го набрзина филмот на Бери Левинсон- “Што се случи”, додека не ја најдете репликата “Додека ви ја силуваат мајката, вие му се восхитувате на времето”. Не за друго, да видите дека дури и во Холивуд сте опеани.

Срамот е се што претставува оваа земја.

Фото: Кристалните ноќи: Уништена синагога во Берлин

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.