Шест луѓе загинаа а најмалку 13 се повредени откако четири-катна зграда се сруши во Филаделфија. Според сведоците на настанот зградата се срушила во само неколку секунди, јавува Си Ен Ен.
Според првиот човек на Филаделфија Мајкл Натер, загинатите биле 5 жени и еден маж.
Сепак, точниот број на луѓе кои биле во зградата за време на несреќата е сеуште непознат.
Градскиот комесар за инспекциски работи, Карлтон Вилијамс, вели дека податоци за
оштетување на зградата немало, но во февруари била издадена дозвола за нејзино рушење.
Сеуште не е позната причината за колапсот на објектоот.