Се урна мостот кој го поврзува Сиетл во САД со Канада и со северозападниот пацифички регион.
Во реката паднаа неколку возила и луѓе, соопшти портпаролот на сојузната држава Вашингтон.
Властите истакнаа дека во инцидентот никој не загина и оти три лица се спасени и се хоспитализирани. Се уште не е позната причината за уривање на мостот стар 50 години.
Локалните медиуми јавуваат дека спасувачки екипи и натаму патролираат во потрага по луѓе.