Најмалку 32 лице загинаа при уривање на покрив на шопинг центар во Рига, Летонија. Најмалку 36 лица се повредени, а причините за несреќата сеуште не се познати.
Спасувачките екипи се уште бараат жртви под урнатините, а официјални претставници апелираа за донирање крв.
На покривот на супермаркетот се градела зимска градина, а се шпекулира дека имало и некоја експлозија.
Објектот е со површина од 500 квадратни метри, а е изграден пред две години.