Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седмиот „Џифони Македонија“ со 650 деца и млади од десет земји

0
By Нова ТВ on October 10, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Oд 12 до 17 октомври на повеќе локации во Скопје ќе се одржи седмиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Во шесте дена ќе има богата филмска понуда, креативни работилници и едукативни активности кои ќе вклучат околу 650 деца и млади од 11 до 19 години од десет земји.

Главна тема е заштитата на човековата средина, со посебен акцент на воздухот, а во повеќе филмови и активности теми ќе бидат и безбедноста на интернет и борбата против врсничкото насилство.

Во натпреварувачката програма ќе бидат 15 играни филма распределени во три возрасни групи: јуниори (10-14 год.), кадети (14-16) и сениори (16-19), а секој од филмовите ќе биде проследен со дискусија на темите на филмовите што ги засегаат младите.

-И годинава во главната програма имаме внимателно селектирани филмови, а учесниците, поделени по возрасни групи, во улога на жири ќе ги изберат најдобрите филмови за младата публика. Покрај децата од нашата земја, во жирито ќе учествуваат и 50-ина деца од странство, кои за време на фестивалот ќе бидат гости во домовите на своите другарчиња, соопшти тимот на „Џифони“.

Фестивалот ќе биде отворен в сабота (12 октомври) во 19 часот во киното „Милениум“ во Скопје со италијанскиот филм „Несовршена доба“ на режисерот Улисе Лендаро. На свеченото затворање на фестивалот, пак, на 17 октомври во 19 часот во киното „Милениум“, ќе биде презентирано сето она што „џифонците“ ќе го создадат на сите работилници за време на фестивалот. Ќе бидат одржани и неколку мастеркласови, меѓу кои и на директорот и основач на „Џифони експириенс“,  Клаудио Губитози.

„Џифони Македонија“ е дел од големото семејство на „Џифони експериенс“ од Италија, најголем културен настан во светот посветен на филмот за деца и млади, кој в година ќе одбележи 50 години постоење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.