Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт – се соочуваме со недостиг на млади кадри, изучувањето на информатичките науки во пораст

0
By Marija Todorovska on February 2, 2024 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт, денеска во законодавниот дом ја одржа 21. седница на која расправаше за годишните извештаи на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како и за годишниот извештај на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип.

На седницата Комисијата донесе одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

На расправата беше посочено дека универзитетите во земјава се соочуваат со недостиг на млади кадри, а трендот од изучување на информатичките и технолошки науки бележи пораст на сите универзитети, наспроти незаинтересираноста на младите да изучуваат општествени науки.

Свое излагање имаше ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, проф. д-р Иван Бимбилоски, кој истакна дека универзитетот бележи историски најголем број на упис на студенти, како и за првпат се отворени трет циклус на студии.

– Бележиме најголем број на упишани студенти до денеска, не би сакал да зборам во проценти, но надмината е значителна бројка. Во овој период посветивме најмногу внимание на реакредитација на постојните студиски програми, како и на акредитација на нови студиски програми. Повторно еден нов чекор, нов момент во постоењето на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ Охрид е добивањето на трет циклус на студии, благодарение на мојот тим, рече Бимбилоски.

ИТ технологијата е актуелна во светот, вели членот на Комисијата и пратеник од редовите на Алијанса за албанците, Халил Снопче, затоа логично е да имаме пораст на запишани студенти, не само во Универзитетот „Свети Апостол Павле“ – Охрид, туку и кај другите универзитети.

–  Не можеме да си дозволиме да се запишат четири студенти на хемија или физика. Ние со ваков пристап, ако инвестираме само во една свера технолошката не можеме да очекуваме развој. ИТ студентите лесно наоѓаат работа, државата не може да ги условува, има странски фирми кои плаќаат многу пари. Над 50 отсто од моите студенти земаат поголема плата од мојата професорска плата што беше, па и пратеничка, рече Снопче

Членот на Комисијата, Иванка Василевска вели да се земе докторска титула во земјава денес не е тешка работа, но како како што рече, истата носи свои одговорности и професионализам.

– Да отвориме една јавна расправа, да се направи ревизија на тоа што се добило докторска титула и се што е проблематично и плагијат, а тоа може да се утврди има механизми, да добие соодветен третман, рече Василевска.

Посочи дека државата има обврска кон најдобрите студенти кои студирале на престижни факултети кои добро рангираат на шангајската листа, да им понуди соодветно вработување, но како што рече, до сега тоа не се случило.

– Развојот на образовните процеси се елитистички, не се фрустрација на некој кому му се сонило да биде магистер или доктор на науки, не се желба на полукриминогени структури кои имаат многу пари, па ги искористиле во отворање на нови универзитети. Тие произведуваат кадар кој ќе дефинира другите и оценува, децидна беше Василевска.

информатички науки општествени науки студенти универзитети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.