Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум автори во Скопје на книжевна резиденција „Апсолутно модерен“

0
By Нова ТВ on April 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седум автори ќе престојуваат во Скопје во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

Mеѓународното жири ги избра седумте автори кои што годинава ќе престојуваат во Скопје, во рамките на резиденцијалната програма за книжевници „Скопје 2014“ под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на мрежата Традуки.

Тоа се Андра Ротару од Романија, Аг Аполони од Косово, Роман Кисјов од Бугарија, Теофил Панчиќ од Србија, Даша Дрндиќ од Хрватска, Душан Чатер и Соња Поланц од Словенија.

Секој од авторите ќе престојува во Скопје по еден месец и тоа во пролетниот период од април до јуни и наесен од септември до декември 2014. Прва гостинка на резиденцијата, која веќе пристигна во Скопје ќе биде романската поетеса, Андра Ротару, ново име во романската поезија кое веќе гради успешна меѓународна кариера. Задтапена е во антологии на романска поезија во странство и има резиденцијални престои низ Европа и Америка.

– На отворениот повик се јавија педесет и седум автори од регионот, што е доказ за одличното реноме на проектот, кој започна есента минатата година. Големиот број пријавени е доказ дека Македонија е интересна земја за авторите од регионот и ја потврдува потребата од постоење на ваква резиденцијална програма. Од биографиите и писмата на интерес може да се заклучи дека меѓу авторите доминираат оние кои веќе имаат добра соработка со македонските издавачи и автори, потоа книжевници кои по разни поводи престојувале кратко во Македонија и тоа им останало во добро сеќавање, но и автори кои сакаа да ја искористат можноста првпат да ја посетат земјата и да ја запознаат овдешната книжевна сцена, објаснува Роберт Алаѓозовски од издавачката куќа Готен.

– Програмата има за цел да им овозможи на авторите од регионот подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје и во Македонија и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура во регионот и во светот. Авторите во Скопје ќе работат на своите дела или преводи, ќе посетуваат културни настани, организации и институции, а преку јавни настани ќе и бидат претставени во Скопје и во други градови од земјата.

– На повикот повторно се пријавија и автори кои не спаѓаат во деветте земји од регионот. Организаторот Готен е во преговори со Уметничкиот Совет на Малта да го донесе во Скопје и Имануел Мифсуд, еден од најдобрите автори на Малта, и добитник на реномираната Награда за литература на Европската Унија, велат организаторите на резиденцијалната програма за книжевници „Скопје 2014“ – „Апсолутно модерен“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.